Фото: Принтскрин
Објавен е јавен повик за доделување на еднократна финансиска помош и поддршка во висина од 2.000 денари на најранливата категорија на пензионери со минимална пензија, објави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
„Јавниот повик е отворен од 03.02.2026 до 24.02.2026 година. Потребната документација може да се достави секој работен ден во просториите на Општина Бутел, од 09:00 до 15:00 часот. Право на финансиска поддршка ќе остварат: Граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на Општина Бутел Приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 22.547 денари. Исплатата ќе биде на принцип “прв дојден – прв услужен”. Продолжуваме со грижата за нашите најстари граѓани“, објави Костовски.
