Фото: Принтскрин
Сојузот на синдикати (ССМ) денеска заедно со работниците ќе протестира на улиците низ Скопје за зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на останатите плати за 100 евра.
Протестот ќе почне во 17 часот пред Работничкиот дом, по што продолжува пред Собранието, Стопанската комора и Владата на Македонија.
