Фото: Принтскрин/М-Нет
Сериозен инцидент се случил на улицата „Љубен Иванов“ во Штип, каде што се урнал потпорен ѕид и се урнал врз паркирани возила, објави „М-нет“.
На видеото кое го објави медиумот може да се забележи како големи бетонски блокови ги здробиле автомобилите. За среќа, нема повредени во сериозниот инцидент.
