Фото: Принтскрин
Методија, кој е татко на две деца, се соочува со голема животна борба, откако му беше дијагностициран рак на желудник и потребен е итен третман за да има шанса за живот.
„Ви се обраќаме во многу тежок момент за нас. На мојот сопруг и татко на нашите две деца (на возраст од 10 и 14 години), Методија, му е дијагностициран рак на желудник и според лекарите, потребен е итен третман за да има шанса за живот. Дијагнозата дојде ненадејно и целосно ги промени нашите животи.
Методија започнува медицински третмани, вклучувајќи хемотерапија, со надеж дека ќе се забави болеста, за да може хируршки да се отстрани засегнатото подрачје и да се зголемат шансите за живот.За жал болеста е агресивна и бара напредна медицина, а медицинските трошоци растат.
И покрај силата и храброста што Методија ја покажува секој ден, ова патување емоционално и финансиски го преоптоварува нашето семејство. Правиме се што можеме, но не можеме сами да се справиме.
Замолуваме за Ваша поддршка, која ќе ни помогне да ги покриеме трошоците за лекувањето. Дури и мала донација ќе ни помогне многу. Ве молиме исто така споделете ја оваа кампања и молете се заедно со нас Методија да ја победи болеста. Бескрајно ви благодариме за вашата љубезност и поддршка во најтешкиот период од нашите животи“, се вели во објавата.
