Фото: Принтскрин
Полициските службеници вчера снимиле возило како се движи со брзина од 205 км/ч на место каде што е дозволено 120 км/ч.
„На 23.01.2026 година во 10:46 часот на автопатот А1, во близина на село Милетково, гевгелиско полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.К.(52) од Република Бугарија. При контрола со радар било констатирано дека А.К. управувал патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки со брзина од 205 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина е 120 километри на час“, објави МВР.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и против истиот е поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.
