Фото: Mira Mitrova
Жената за која пееше цела Југославија почина вчера во Неготино. Внуката на Милена објави дека токму таа била инспирација за легендарниот хит „Моја Милена“.
„Почина Милена, жената која беше инспирација за легендарниот хит „Моја Милена“
Со големо жалење ја споделуваме веста дека почина Милена, жената чија деликатност и животна приказна станаа вечен дел од југословенската музичка историја. За пошироката јавност таа беше инспирацијата за безвременскиот хит на „Нови фосили“, но за нашето семејство, таа беше мојата тетка, родена сестра на мојот татко.
Речиси и да нема човек од повозрасните генерации кој не ги знае стиховите на оваа песна, но помалку е познато дека таа е посветена токму на Милена од Неготино“, објави Мира Митрова.
