Фото: Принтскрин
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов објави прекрасна вест на социјалните мрежи.
Јорданов стана татко по втор пат, односно му се роди втората ќерка.
„По втор пат станав татко, се роди мојата втора ќерка Иконија. Благодарност до целиот медицински тим во Клиничка Болница Штип. Слава тебе Господи“, напиша Јорданов.
