Фото: Принтскрин
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски гостуваше во емисија во „Сител“ каде што откри кои прекршоци ќе ги регистрираат камерите на „Сејф Сити“.
Тошковски посочи дека главната цел на системот е да спаси човечки живот, а не да изрекува казни за граѓаните.
„Брзина над дозволеното, поминување на црвено светло, погрешно паркирање и запирање и нерегистрирано возило“, ги посочи Тошковски.
На стартот на тест-периодот имаше огромен број казни, но сега драстично е намалена бројката и министерот очекува истата дополнително да се намали по активирање на системот.
