Во претрес во домот на еден судија беа пронајдени околу 350.000 евра во специјално соѕидан простор во ѕидот на објектот, а тоа предизвика реакции од јавноста.
Имаше најразлични реакции за судијата кој е осомничен дека парите ги добил за поткуп, а најголем дел од нив се сеирџиски.
„Ама 350 000 евра заѕидани кај на судијата родителите не мора да значи дека се поткуп, можеби луѓето си правеле изолација. Звучна, од типот “не те слушам од париве” тип на изолација“, објави „Ина Многуфина“.
