Фото: Врчак
Познатиот музичар Раде Врчаковски Врчак објави дека снимил песна со колешката Лара Иванова, а истата се нарекува „Те сакам“.
„Да точно е, јас и Лара Ивановa снимивме преубава песна, песната се вика “Те Сакам”, а таа песна ке ја посветиме на љубов кон целиот женски род во човештвото за да придонесеме во борбата против сите дивјачки дискриминации кој потикнуваат секаков вид на брутални психички и физички силеџиства врз женскиот род во човештвото. На оваа тема снимивме и песна со Ламбе, Деки и Андреј DNK неколку дена пред Андреј да загине (таа е и последната испеана песна на Андреј), а името на таа преубава песна е “Како се сака женска”.
Спонтано во спомен на DNK, пред еден месец јас и Лара снимивме и уште една песна на мојот нов албум (а и таа песна сите што ја слушнаа ја обожаваат). На новиот албум со огромна љубов ми гостуваат и многу други одлични музички соработници и артисти.
Албумот е речиси целосно готов и ке биде бесплатно достапен за сите луѓе бидејќи е посветен на љубов, добрина, мир, здравје, поубав и подолг живот за сите луѓе, хуманост, поубава иднина за целото човештво, како и да се помогне на организациите против ропства и злоупотреби на туѓи животи, а и да се помогне на Светската Здравствена Организација во борбата против број 1 причинителот за предвремена смрт во целото човештво (а тоа се кардиоваскуларните болести од кој умираат по околу 100 миљона луѓе на секој пет години). Со цел да се опфатат сите новости и теми кој заслужуваат најголемо внимание во животот на сите луѓе бидејќи се од критична важност за животот на секој човек, во новиот албум ќе има и долго видео чија припрема во моментов ги прави сите пролонгирања на албумот (се работи на се по 24 часа на ден, да се надеваме дека за еден месец ќе биде се готово)“, објави Врчак.
