Фото: Принтскрин
Министерот за образование Дејан Вук Станковиќ кажа дека се разгледува идејата за скратување на часовите во училиштата на 30 минути затоа што кај децата постои феномен поради кој не можеле да бидат сконцентрирани 45 минути и да следат настава.
Министерот кажа дека концентрацијата кај учениците на часовите е проблем за кој се зборува веќе некое време и во јавност се појави предлог да се намали должината на часовите.
Реакциите во јавноста се поделени, односно голем дел од Србите сметаат дека со ова дополнително ќе се уништи образованието во државата.
„Во држави со добар образовен систем часовите се и подолги од 45 минути, но тука мора да го уништите образованието затоа што глупавите нема да се бунат. Укинете го веднаш училиштето, така е најдобро… Не ни е доволно што со модерните технологии ни ги уништија децата, па сега сакаат да им ги скратат и часовите во училиште“, пишуваат дел од родителите.
