Фото: Принтскрин
„Сејф Сити“, според најавите, треба да почне да казнува од 1 февруари 2026 година, а група граѓани поднесе барање да се казнува за уште еден прекршок.
„За почиста Македонија“ направија петиција која ја потпишаа над 1.000 граѓани и бараат да се унапреди системот „Сејф сити“, односно да се казнува фрлање на отпадоци од прозорец на возило.
„1000 ПОТПИСИ! Едно големо браво до сите! Преку 1000 од вас ја поддржаа петицијата за унапредување на „Сејф Сити“ системот со казни за фрлање отпад“, објавија од иницијативата.
