Фото: Принтскрин
Градоначалничката на Општина Неготино, Марија Нацева објави дека во иднина ќе се интонира химната на Република Македонија во училиштата во општината.
„По моја иницијатива, а со поддршка од Советот на Општина Неготино, започнуваме нова пракса – интонирање на државната химна во училиштата на територијата на општината.
Ова е јасна порака за почит кон Република Македонија и за градење чувство на припадност, заедништво и вредности кои младите генерации треба да ги негуваат и носат со себе.
Верувам дека љубовта кон татковината се гради од најрана возраст – со воспитување, одговорност и достоинство“, објави Нацева.
