Фото: Принтскрин
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) најави протести низ државата од 15 јануари со цел да се издејствува зголемување на платите на работниците.
ССМ бара минимална плата од 600 евра и зголемување на останатите плати за по 100 евра.
„Тие мислат дека 25 евра е доволно за Вас, а 250 евра за нив, Вие што мислите?
Ако не протестирате, тие исто така мислат дека сте задоволни, дека и 25 евра од март Ви се многу и дека не ги заслужувате !
Се уште се прашувате дали треба да ни се придружите на протестите“, велат од ССМ.
