Фото: Принтскрин
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски објави дека ќе се зголеми финансиската помош за секое новороденче.
„За мене како градоначалник е од исклучителна важност постојано да креираме активни мерки за поддршка на младите семејства.
Една од првите мерки кои ги спроведов како градоначалник пред 4 години е давањето на еднократна финансиска поддршка за секое новороденчиња во нашата општина.
Помошта од 5.000 денари изминативе 4 години ја искористија 470 граѓани, што за нас како општина и мене како градоначалник е знак дека истата дава резултати и треба да продолжи.
За таа цел, согласно моите ветувања пред овие локалните избори, поддршката за сите новородени деца од 1 јануари 2026 година ја зголемуваме на 6.000 денари, со што уште еднаш ја потврдуваме нашата заложба за поддршка на младите семејства и создавањето поповолни услови за живот“, објави Георгиевски.
