Фото: Орце Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео и посочи дека градот е подготвен да се соочи со зимските услови и снегот нема да им направи проблеми.
„Нас, снегот не може да нѐ изненади. Градот Скопје е подготвен. Веќе неколку дена, екипите се постојано на терен, будно и одговорно следејќи ја состојбата на сите сообраќајници.
Обезбедени се доволни количини на сол, кои навремено се користат согласно минусните температури и ризикот од замрзнување на коловозите. Кризниот штаб функционира 24/7, со цел безбедно и непречено движење низ градот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот на зголемена внимателност и строго почитување на препораките за возење во зимски услови. Заедно, одговорно и подготвено“, објави градоначалникот.
