Фото: Принтскрин
Во изминатите денови се забележани неколку измами од страна на лажен доктор, како што објави Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според информациите, за три дена имало вкупно три жртви кои пријавиле измама за сума над два милиони денари.
Еден 77-годишен жител на Виница пријавил дека докторот го убедил како неговата ќерка е повредена и мора да се оперира, па платил 430.000 денари.
Идентичен случај во Штип, каде што жената била известена дека нејзината сестра е во болница и потребна е итна операција за што ѝ зел 700.000 денари, а третиот случај е 67-годишна жена од Виница која остана без 760.000 денари.
