Фото: Петар Георгиевски
Поранешниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Петар Георгиевски – Камиказа објави тажна вест дека починала неговата мајка.
„Сабајлево во 6 и 15 престана да чука срцето на мајка ми. Мислам дека оваа слика е најсоодветна за нашата шест и пол децениска љубов. Од раѓaњeтo до денес, беше мојата најголема поткрепа во се…До последно чекаше да ми завршат сите поголеми овоземски обврски па да замине. Почивај во мир мој ангелу Конечно со тато и дада ќе си кажувате разни догодовштини. Ги истажи и исплача и двајцата до последниот здив
Таму меѓу ангелите нека ти е светол патот мамичке. Во текот на денот ќе објавиме точно време кога ќе биде испратена во вечниот дом во Бутел“, објави тој.
