Фото: Ракометна Федерација на Македонија
Македонската ракометна репрезентација славеше со 31-26 против Украина во вториот пријателски меч во „Жолтиот Куп“.
Ракометарите имаа лош почеток на натпреварот против Украина и првото полувреме го загубија со 13-17, но потоа влегоа во одличен ритам и триумфираа со 31-26.
Ова е втора победа во завршните подготовки за Македонија, која претходно славеше против Бахреин со 32-28.
