Фото: Мери Костадинова
Викторија Костадинова од Гевгелија успеа по втор пат да ја победи тешката болест леукемија, па се врати дома среќна и весела, а нејзината мајка ја сподели веста на нејзиниот профил.
Малата хероина првиот пат се соочи со леукемија пред четири години, односно на седумгодишна возраст, а успеа да излезе како победник од таа битка. Сепак, опасната болест ѝ се врати четири години подоцна, но Викторија успеа да победи и во новиот предизвик.
„Со неизмерна благодарност и солзи радосници во очите, го пишувам овој текст за мојата ќерка – моето чудо. По вторпат се соочи со најтешката битка во животот, по вторпат леукемијата застана на нејзиниот пат, но по втор пат таа излезе како победник. Благодарност до Бог кој ни даде сила кога мислевме дека ја немаме, надеж кога темнината беше најгуста и вера кога срцата ни беа скршени. Тој ја држеше за рака во секој тежок ден, во секоја болка, во секоја солза“, пишува Мери Костадинова.

