Фото: Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека заедно со отец Оливер подготвиле повеќе од 200 оброци кои ќе бидат распределени во пунктовите на народните кујни на Скопската епархија.
„Нема поубаво чувство од тоа да знаете дека, токму поради вас, некој денес имал поубав ден од вчера. Во денови кога тишината понекогаш зборува погласно од зборовите, а потребата за човечка топлина е поголема од било кога, најголемата вредност што можеме да ја подариме е, вниманието.
Денес, заедно со отец Оливер од хуманитарната организација „Св. Спас“ од Драчево, подготвивме повеќе од 200 оброци кои ќе бидат распределени во пунктовите на народните кујни на Скопската Епархија. Мал гест, но со силна порака дека човечноста живее и дека добрината не згаснува.
Свесни сме дека не можеме да помогнеме насекаде и на сите. Но можеме да дадеме сè од себе за оние на кои им е најпотребно, за нашите сограѓани да знаат дека не се сами. И токму тоа го правиме со срце, со искреност и со вера“, објави градоначалникот.
