Фото: Принтскрин
Премиерот Христијан Мицкоски беше на божиќна литургија во „Свети Климент Охридски“, по што одговараше на новинарски прашања.
Едно од нив беше за потегот на Бугарија која наместо македонски јазик искористи „достапен јазик“.
„Со ова ги потврдија тезите дека Бугари во Устав не е нивно единствено барање, туку редифинирање на македонскиот идентитет. Ова се денови кога треба да простуваме, да се сплотиме и обединиме и како народ да сфатиме дека за некои прашања мора да бидеме заедно. Жалам што претходната влада влезе во авантура и што го заглави евроинтеграцискиот процес“, кажа Мицкоски.
