Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Неколку полицајци го викнале попот, министерот Астрит Исени најави казни

Gladiator 07/01/2026

Фото: Принтскрин

По објавените фотографии од освестување на службените полициски возила реагираше заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени.

Исени реагираше и најави казни за лицата кои го повикале попот, но и за тие кои гледале, а не реагирале.

„Како заменик-министер во Министерството за внатрешни работи, сметам за неопходно да појаснам дека прскањето со света вода од страна на верско лице врз службените полициски возила и врз службените објекти, во рамки на паркингот на МВР, не претставува приватен верски чин, туку директно кршење на принципот на секуларна држава и на законот.

Овој чин е извршен од неколку припадници на една сообраќајна полициска единица, во соработка со верското лице, и во никој случај не го претставува институционалниот став или дејствување на МВР. Воедно, овој случај укажува на ниско ниво на професионална свест кај дел од полициските службеници.

Уставот на Република Македонија (член 19) јасно ја утврдува одвоеноста на верските заедници од државата.

Законот за полиција бара целосна и безусловна неутралност.

МВР е државна институција која мора да им служи на сите граѓани без разлика на верската припадност. Службените простории и средства не се сопственост на ниту една верска заедница и не смеат да се користат за верски ритуали или активности. Полицијата е во служба на сите граѓани и не смее да постапува со двојни стандарди.

Институцијата МВР има јасни внатрешни правилници и, согласно нив, ќе бидат повикани на одговорност сите оние кои:

– го организирале или го дозволиле овој чин,

– не го спречиле неговото извршување,

– овозможиле влез на верско лице во објектите на МВР за вршење верски активности.

Само преку доследна примена на законот и еднаквост пред него може да се врати довербата на граѓаните и на вработените во оваа институција.

Почитувањето на верските убедувања е неопходно, но мешањето на религијата со безбедносните институции е неприфатливо и опасно за еднаквоста, институционалната неутралност и довербата на граѓаните.

Државата е секуларна.

Полицијата е на граѓаните.

Законот е над секој верски симбол“, објави Исени.

Tags: астрит исени

Continue Reading

Previous: (ФОТО) „Ова се празници на љубов, дарување и почитување“: Премиерот Мицкоски со честитка до граѓаните
Next: (ВИДЕО) Снежна бура во Хрватска – парализирани се делови од државата

Најново

  • (ВИДЕО) „Со 10 крави не може да справи, а утре треба да контролира рудник“: Филипче со критики до Митовски
  • (ВИДЕО) Автомобил удри пешак во Скопје
  • (ВИДЕО) Нетанјаху: Имав рак, но се излекував!
  • (ВИДЕО) Еден работник загина, а неколку се повредени во незгодата во Кисела Вода
  • (ВИДЕО) Први снимки од местото на незгодата во Кисела Вода

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) „Со 10 крави не може да справи, а утре треба да контролира рудник“: Филипче со критики до Митовски

(ВИДЕО) „Со 10 крави не може да справи, а утре треба да контролира рудник“: Филипче со критики до Митовски

24/04/2026
(ВИДЕО) Автомобил удри пешак во Скопје

(ВИДЕО) Автомобил удри пешак во Скопје

24/04/2026
(ВИДЕО) Нетанјаху: Имав рак, но се излекував!

(ВИДЕО) Нетанјаху: Имав рак, но се излекував!

24/04/2026
(ВИДЕО) Еден работник загина, а неколку се повредени во незгодата во Кисела Вода

(ВИДЕО) Еден работник загина, а неколку се повредени во незгодата во Кисела Вода

24/04/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) „Со 10 крави не може да справи, а утре треба да контролира рудник“: Филипче со критики до Митовски
  • (ВИДЕО) Автомобил удри пешак во Скопје
  • (ВИДЕО) Нетанјаху: Имав рак, но се излекував!
  • (ВИДЕО) Еден работник загина, а неколку се повредени во незгодата во Кисела Вода
  • (ВИДЕО) Први снимки од местото на незгодата во Кисела Вода

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.