Фото: Принтскрин
На социјалните мрежи беше објавено видео на кое може да се забележи реакција на пожарникар кој влезе во реката Дрина во Зворник, БиХ за да извлече заглавен автомобил.
Поради растот на водостојот и отежнатите услови на теренот, пожарникари веднаш тргнаа да помогнат, а еден од нив, Раде Шакотиќ направи херојски потег.
Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица.
