Фото: Принтскрин/СлободенПечат
Митрополитот европски г. Пимен гостуваше во попкастот со Мартин Богатиноски на „Слободен печат“, каде што зборуваше за различни теми, меѓу кои и референдумот за промена на името.
„Од денешна перспектива, мојот повик кон граѓаните да излезат на референдум за промена на името во 2018 година беше грешка. Некој ме излажа мене, а јас ги излажав останатите“, кажа Пимен.
Целото интервју може да го погледнете на „Слободен печат“.
