Фото: Принтскрин
Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека останува линеарното зголемување на пензиите, односно пензионерите во март ќе добијат по 1.000 денари зголемување.
Мицкоски посочи дека заклучно со април 2026 година со претходните покачувања, линеарното зголемување ќе биде за 7.000 денари, односно нема да има пензија под 15.000 денари.
Претседателот на Владата кажа дека ќе продолжат во исто темпо и во иднина за да го подобрат стандардот на граѓаните.
