Фото: Принтскрин
Александар Станковиќ бил пронајден починат во околината на Врбас, Србија, а полицијата уапси две лица.
Првите резултати од обдукцијата покажаа дека Александар не починал од последица на ќотек и повреди при физичкото малтретирање.
„По деталната анализа е утврдено дека на главата на починатиот, каде што имало најмногу удари, не постојат скршеници, ниту тешки облици на повреди“, вели изворот за српските медиуми.
Поради сомнеж дека го убиле, полицијата ги уапси 43-годишниот М.Д. и 28-годишниот З.К. кои од Александар украле накит, часовник и автомобил.
