Фото: Принтскрин
Тихомир Крстиќ денеска беше уапсен од белградската полиција, откако вчера нападна жена пред нејзиниот внук, односно ја избоде и потоа ја украде нејзината чанта.
Српски „Курир“ пишува дека тој бил уапсен во близина на една пекара на автобуска станица, а откриено е и што кажал пред полицајците.
„Јас сум ХИВ позитивен и зависник од дрога. Мене ми е сеедно, немам што да изгубам“, наводно им кажал на службените лица.
