Фото: Принтскрин
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски кажа дека во нашата земја со сегашната минимална плата граѓаните имаат поголема куповна моќ за разлика од земјите во соседството.
Мицкоски кажа дека минималецот треба да се зголеми, но тоа треба да биде резултат од разговори меѓу работниците и работодавците.
„Грција има малку повисока куповна моќ со минималната плата, додека ние имаме повисока од Албанија, Србија, Косово, Бугарија и БиХ. Тоа не е доволно, треба повеќе, но тоа да е резултат од разговори меѓу работниците и работодавците. Ние како Влада може да дадеме 250 милиони субвенционирани кредити на стопанството за во услови на криза да биде стабилно“, вели Мицкоски.
Првиот човек на Владата на Македонија вели дека минималецот треба да се зголеми.
„Јас сум првиот што ќе го поддржи. Ако гледаме од себични причини, Владата може да побара и минимална плата од 700 евра, но дали бизнисот може да го издржи тоа“, прашшува Мицкоски.
