Фото: Принтскрин
Пациентите и вработените на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со години се соочуваат со проблеми со паркингот, а сега конечно се нуди решение.
Владата одлучи паркингот на клиники да го запише како државно земјиште, со што ќе се отвори пат за официјален договор со ЈП „Градски Паркинг – Скопје“.
Со оваа промена треба да се воведе и современ систем кој ќе вклучи комплетен видео мониторинг, информативни табли и дигитален водич за граѓаните за полесно да пронајдат паркинг.
Министер Азир Алиу кажа дека со модернизацијата ќе се зголемат капацитетите за паркирање во болницата.
