Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп реши да отповика 30 амбасадори, меѓу кои е и амбасадорката во Македонија, Анџела Агелер.
Овој потег на администрацијата на Трамп е за да ја зајакне агендата „Америка на прво место“, објави „Дојче Веле“.
Отповикани се и амбасадори од Црна Гора, Словачка, Алжир, Египет, Непал, Шри Ланка, Камерун, Нигерија и други земји.
