Фото: Ali Ahmeti/Facebook
Демократската унија за интеграција (ДУИ) одржа Конгрес на партијата, при што лидерот Али Ахмети побара нови правила за избор на Влада.
Ахмети бара воведување на „извршен Бадентер“ при избор на Владата, како и примена на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд.
„Предлагаме три клучни мерки. Прво, избор на Владата со двојно мнозинство, односно извршен Бадентер. Секој нов состав на Владата да ја добие довербата на Собранието не само со мнозинство на вкупниот број пратнеици, туку и мнозинство од пратеници кои ги претставуваат немнозинските заедници“, вели Ахмети.
