Фото: Принтскрин
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски гостуваше во емисијата „Click Plus“ на „ТВ21“, каде што зборуваше за актуелната состојба во градот.
Ѓорѓиевски посочи дека не ветил чуда преку време и побара повеќе трпение од граѓаните на Скопје.
„Граѓаните да имаат трпение, сите го имаме овој проблем со години и децении. Не сум ветил дека преку ноќ ќе правам чуда зашто тоа е невозможно“, посочи градоначалникот.
