Фото: Принтскрин
Шест лица, меѓу кои се наоѓа и поранешниот возач во НАСКАР, Грег Бифл, загинаа денеска при пад на мал приватен авион веднаш по полетувањето во Северна Каролина.
Пријателите на поранешниот возач се збогуваа преку социјалните мрежи и открија дека Бифл заедно со сопругата и децата летал за Флорида.
