Фото: Принтскрин
Утрово избувна голем пожар во центарот на Неготино, каде што интервенираа десетмина пожарникари со три противпожарни возила.
Огнот зафатил една куќа која целосно е уништена, но за среќа е спасен повозрасниот човек кој живеел во неа.
Пожарот избувнал во густо населено место, но за среќа пожарникарите спречиле негово ширење и катастрофа.
