Денес илјадници автомобили и организирани автобуси од Косово ја преминаа македонската граница за да стигнат во Скопје и да учествуваат на протест во поддршка на УЧК. Главниот град се претвори во арена на прослава на терористи, организација која во 2001 година ѕверски убиваше македонски цивили, како Боге и Светислав во Челопек, и тероризираше невини семејства во сопствената земја, оставувајќи зад себе крв и солзи. И денес истите кои палеа села, убиваа, киднапираа и плашeа невини луѓе, гордо се слават како „борци за правда“, додека македонската јавност гледа како се навредуваат жртвите и нивните семејства.
Овој „собир“ не е протест, ниту мирен марш, тоа е масовна парада на насилство, отворена прослава на терор, плукање врз жртвите и нивните семејства и фрлање сол на рани што сè уште крварат низ улиците на главниот град. Додека илјадници доаѓаат од надвор, Скопје се претвори во сцената на брутална порака: болката од 2001 не е заборавена, но историјата се повторува на најгрозен начин.

