Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ВИДЕО) Таткото се заканувал, ќерката гребела полицаец – поднесено обвинение по драмата со кравите

Gladiator 11/12/2025

Фото: Принтскрин

По драмата во Крива Паланка, каде што беа приведени татко и две ќерки, се јави Обвинителството кое го поднесе обвинителниот предлог против трите лица.

„Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 1 од Кривичниот законик.

Станува збор за татко и две ќерки кои на 2 декември, во местото викано “Самоков”, во близина на кривопаланечкото село Луке, спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство да извршат службено дејствие и да постапат по правосилно решение за одземање крупен добиток.

Таткото е обвинет и дека при настанот ја загрозил сигурноста на четири присутни лица, сериозно заканувајќи им се дека ќе нападне врз нивниот живот и тело, со намера да ги вознемири и заплаши. Затоа тој е обвинет и за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик.

Една од двете ќерки е обвинета и за – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 од Кривичниот законик, бидејќи таа телесно повредила полициски службеник кој бил повикан да асистира при одземањето на говедата, така што го влечела и го гребела по лицето.

Како резултат на дејствијата на тројцата обвинети, лицата ангажирани од АХВ биле спречени да постапат по решенијата и да го одземат добитокот од обвинетите.

Во текот на постапката за обезбедување на доказите, сите три лица беа обезбедени со мерка притвор. Со поднесување на обвинението, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа постапката и поединечните околности кај секој од обвинетите, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог со кој предложи притворската мерка да биде продолжена за таткото и за една од ќерките“, велат од Обвинителството.

Tags: крави крива паланка обвинителство

Continue Reading

Previous: (ФОТО) Познат Македонец го победи ракот: Животот не знаеш што ти носи, затоа…
Next: (ВИДЕО) Пробиен уште еден тунел на пругата кон Крива Паланка

Најново

  • (ВИДЕО) Остра реакција од Владата за односот на новинарот кој ѝ бараше преведувач на министерката за образование
  • (ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател
  • (ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!
  • (ВИДЕО) Кети Пери во пламен: моментот што ги запали социјалните мрежи!
  • (ВИДЕО) Иран започна нов бран дронски напади врз израелската воена индустрија!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Остра реакција од Владата за односот на новинарот кој ѝ бараше преведувач на министерката за образование

(ВИДЕО) Остра реакција од Владата за односот на новинарот кој ѝ бараше преведувач на министерката за образование

24/03/2026
(ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател

(ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател

24/03/2026
(ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!

(ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!

24/03/2026
(ВИДЕО) Кети Пери во пламен: моментот што ги запали социјалните мрежи!

(ВИДЕО) Кети Пери во пламен: моментот што ги запали социјалните мрежи!

24/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Остра реакција од Владата за односот на новинарот кој ѝ бараше преведувач на министерката за образование
  • (ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател
  • (ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!
  • (ВИДЕО) Кети Пери во пламен: моментот што ги запали социјалните мрежи!
  • (ВИДЕО) Иран започна нов бран дронски напади врз израелската воена индустрија!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.