Вчера во 13:05 часот, до СВР Скопје била поднесена пријава за напад врз 77-годишниот Г.Г. од Скопје, кој се случил четири дена порано во едно казино.
Според информациите, лицата кои го обезбедувале објектот го нападнале Г.Г. во 19:30 часот во просториите на казиното, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР истакнуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен извештај.