Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Македонија тагува: Почина младата Викторија – девојка со големо срце и голем хуманитарец

Gladiator 10/12/2025

Фото: Принтскрин

Здружението за заштита на животните – Анима Мунди објави тажна вест преку нивниот профил на социјалните мрежи.

„Денес светот стана посиромашен за еден човек… …А ние изгубивме светлина. Викторија денес си замина.

Ненадејно.

Изненадно.

Дури сурово.

Како да се скина конецот што ја држеше врзана за сите души за кои се бореше.

Тешко е да се прифати дека човек како неа повеќе го нема.

Викторија не беше само хуманист.

Таа беше прибежиште за оние што никој не ги гледаше.

Им беше глас на немите. Рамото на исплашените. Силата на слабите.

Целиот свој живот го претвори во мисија — да даде повеќе, да спаси повеќе, да искаже љубов кога никој друг не ја давал.

Беше еден од основачите на Про Анима Берово.

Првото наше спасено животно го носеше нејзиното име – Викторија.

На почетокот стоевме заедно, со иста болка, исти рани, исти соништа.

Подоцна нашите патишта се разделија…но тоа никогаш не значеше дека се оддалечивме едни од други.

Иако мисијата не’ однесе на различни страни, секогаш бевме тука една за друга — со разбирање, со почит, со љубов.

Таа го продолжи својот пат до самиот крај — тивко, упорно, без умор.

До последниот ден, буквално до последниот здив, таа остана таму каде што најмногу требаше да биде — до животните што ги сакаше повеќе од себеси.

Понекогаш немаше ништо за себе.

Понекогаш беше уморна, истрошена, повредена.

Но за нив… за нив секогаш мораше да има.

Се грижеше за туѓиот живот повеќе отколку за својот.

Не стигнавме да се поздравиме.

Тоа е раната што најдлабоко сече.

Неизговорен збор, недадена прегратка, некажано „чувај се“.

Сега остануваат само тишината и едно големо „ЗОШТО?“.

Зошто Боже?

Зошто ги земаш добрите?

Зошто токму тие што прават светот поднослив?

Тие што носат надеж таму каде што ја нема?

Викторија,

ти благодаримешто постоеше.

Ти благодариме за секој живот што го спаси,

за секоја болка што ја пресретна,

за секој момент во кој се бореше наместо да се откажеш.

Твоите чекори може згаснаа…

Ама трагите од нив ќе останат.

Во секое животно што го допре,

во секоја душа што ја врати од работ,

во секој човек што го инспирираше да биде подобар.

Почивај во мир, голема душо.

Оние што ги спаси ќе ти светат пат.

А ние ќе те носиме со себе – секогаш“, објавија од „Анима Мунди“.

Tags: Викторија

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Вандализам во Штип: Едно лице снимено како уништува украси
Next: Протестот за УЧК во Скопје доби поддршка и од крилото на Таравари

Најново

  • (ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател
  • (ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!
  • (ВИДЕО) Кети Пери во пламен: моментот што ги запали социјалните мрежи!
  • (ВИДЕО) Иран започна нов бран дронски напади врз израелската воена индустрија!
  • Тајни преговори на хоризонтот: Техеран отворен за договор со Вашингтон!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател

(ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател

24/03/2026
(ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!

(ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!

24/03/2026
(ВИДЕО) Кети Пери во пламен: моментот што ги запали социјалните мрежи!

(ВИДЕО) Кети Пери во пламен: моментот што ги запали социјалните мрежи!

24/03/2026
(ВИДЕО) Иран започна нов бран дронски напади врз израелската воена индустрија!

(ВИДЕО) Иран започна нов бран дронски напади врз израелската воена индустрија!

24/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател
  • (ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!
  • (ВИДЕО) Кети Пери во пламен: моментот што ги запали социјалните мрежи!
  • (ВИДЕО) Иран започна нов бран дронски напади врз израелската воена индустрија!
  • Тајни преговори на хоризонтот: Техеран отворен за договор со Вашингтон!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.