Фото: Принтскрин
По шпекулациите во јавноста дека во Македонија ќе се отворат бегалски кампови, по објава на британски медиум, се јави и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
Пратеникот кажа дека во Македонија нема да се градат бегалски кампови, а тоа во изјава го потврдил и амбасадорот на Обединетото кралство во земјава.
„Нема подобар демант за ваквите спинови од опозициски партии од изјавата на британскиот амбасадор кој кажа дека британско-македонскиот стратешки договор предвидува и потврдува инвестирање во инфраструктура, образование и одбрана, но не предвидува изградба на бегалски кампови во Македонија“, кажа Милошоски.
