По откажувањето на премиерот Мицкоски да присуствува на денешниот македонско-српски бизнис форум, од Владата објаснуваат дека причината е краткотрајна здравствена пауза поради сезонски фактори.
„Премиерот се соочува со привремено нарушување на општата кондиција, карактеристично за овој период од годината. Според препорака на здравствените работници, беше одлучено да се одложи настанот за да се обезбеди побрз опоравок. Состојбата не претставува причина за загриженост“, соопшти Владата.
Од таму додаваат дека Мицкоски се чувствува добро и наскоро ќе се врати на редовните обврски.
