Фото: Принтскрин
Системот „Сејф Сити“ ќе почне официјално да функционира од 1 јануари 2026 година, кога ќе почне да изрекува казни, меѓутоа еден месец претходно, односно од 1 декември ќе има тест период.
Возачите кои ќе направат прекршок, ќе добијат СМС-порака или е-пошта со фотографија од прекршокот во рок од 24 часа.
„Сејф Сити“ е имплементиран во Скопје и уште два градови, а треба да помогне во зголемување на безбедноста во сообраќајот.
