Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Еве за колку ќе скокаат платите во 2026 – Мицкоски со бројки што ќе ве изненадат!

Gladiator 27/11/2025

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница откри дека во 2026 година очекува ново зголемување на платите, при што според неговите проекции, растот би се движел околу 9 до 10 проценти.

Тој појасни дека во државниот буџет веќе се предвидени средства за зголемување во секторите каде што колективните договори тоа го наложуваат – пред сè во здравството и образованието. Според Мицкоски, во наредниот период ќе следат и нови преговори со дел од синдикатите, особено во администрацијата, каде што според него одредени групи ја злоупотребуваат ситуацијата за политички поени наместо за заштита на работничките права.

Премиерот смета дека покрај растот на платите, клучно е да се зголеми и продуктивноста, која долго време имала тренд на опаѓање, но во последната година – како што рече – тој пад е запрен.

Мицкоски се осврна и на инфлацијата, нагласувајќи дека очекува намалување во последните два месеци од годинава и стабилизација меѓу 2 и 3 проценти во текот на 2026 година.

Тој посочи и дека македонската економија, во просек, создава околу 300.000 денари добивка по вработен годишно, што според него е слаб потенцијал. Мицкоски даде и хипотетички пример: доколку компаниите целата добивка ја префрлат во плати, просечната нето-плата би се искачила на околу 61.000 денари – но тоа би значело дека работодавачите целосно се откажуваат од профит, што е нереално сценарио.

– „Мораме да работиме на јакнење на економијата за бизнисите да можат да исплаќаат повисоки плати. Тоа е процес кој го почнуваме и мора да продолжи“, нагласи премиерот.

На крајот, тој повтори дека државата ќе ги испочитува сите договорени обврски со синдикатите, вклучително и оние кои се поврзани со минималната плата, и најави дека на почетокот на декември ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која овие прашања ќе бидат ставени на маса.

Tags: Македонија

Continue Reading

Previous: Дали 70 отсто од пензионерите ќе добиваат помали пензии?
Next: Од Нова Година УДАР: Струјата поскапува – еве за колку!

Најново

  • (ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија
  • (ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци
  • Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир
  • (ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме
  • Зеленски: Украинските животи се поважни од цените на дизелот во светот

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија

(ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија

24/09/2026
(ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци

(ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци

24/09/2026
Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир

Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир

24/09/2026
(ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме

(ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме

24/09/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија
  • (ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци
  • Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир
  • (ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме
  • Зеленски: Украинските животи се поважни од цените на дизелот во светот

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.