Фото: Принтскрин
Македонскиот шампион во фудбал Шкендија повторно предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако нивниот меч против Дрита во Конференциската лига го најави како „албанско дерби“.
Шкендија не прекинува да води националистички води, иако игра во Европа токму благодарение на македонскиот шампионат каде што го освои првото место.
„Надвор од границите, ние сме едно. Еден народ, два тима“, објави Шкендија.
Ова не е првпат да се навреди Македонија од страна на тетовската екипа, која очигледно заборава која држава ѝ овозможува да игра во Европа, а тоа не е Албанија, туку Македонија.
Како што може да се забележи во нивната објава, Шкендија воопшто не го ни користи македонското знаме во највата за натпреварот.
Претходно и навивачите на Шкендија знаеја често да ја навредуваат Македонија и македонскиот народ, а чашата ја прелеаа кога не го испочитуваа ниту едноминутниот молк за жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
