Фото: Принтскрин
Доктор Игор Мерџаноски објави фотографија на социјалните мрежи и кажа дека работат и за викенд со цел да ја намалат листата на чекање на пациентите.
„Работиме и за викенд да ја намалиме листата на чекање на пациентите. Голема благодарност до колегите кои хипократовата заклетва ја повторуваат секој ден“, напиша д-р Мерџаноски.
