Фото: Митко Јанчев
Српскиот пејач Аца Лукас не го одржа до крај неговиот настап во Кавадарци затоа што реагираше полицијата.
Откако беше прекинат настапот, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев кажа дека во локал од 200 луѓе имало сместено над 700 и со тоа била создадена опасност по здравјето и животот.
„Нема да дозволиме Кочани сценарио. Безбедноста е прва“, кажа Јанчев и потсети на трагедијата која се случи во март годинава кога загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени во дискотеката „Пулс“.
