Фото: Принтскрин
Тројца фудбалери на хрватскиот нисколигаш Ускок се вистински херои откако вчера успеале да спасат возач од запален автомобил.
Илија Ступало, Игор Врвило и Јосип Зељковиќ биле на вистинско место во точно време по мечот со Ускок.
Се случила тешка сообраќајка околу 22 часот на автопатот „А1“, при што едно возило било оштетено и запалено.
Додека пожарот се ширел и го „проголтал“ цело возило, фудбалерите интервенирале и му го спасиле животот на возачот.
