Фото: Hristijan Mickoski
Премиерот Христијан Мицкоски по самитот на лидерите од Западен Балкан кажа дека Македонија е долго време во процесот за евроинтеграции, но смета дека успешно ќе ги заврши и ќе стане членка на Европската унија (ЕУ).
„Не гледам повеќе суштина ако билатералните проблеми и спорови се тие кои одлучуваат дали земјите треба да бидат членки во ЕУ. За мене суштината ја гледам во испораката, реформите, чекорите кои се исполнуваат. И додека тоа се случува, тогаш апсолутно ние како држава ќе бидеме компетитивни и убеден сум дека ќе бидеме тие што први ќе стигнат до конечната цел“, кажа Мицкоски.
