Познатиот хотел „Мулино“ во Хрватска утрово беше зафатен од пожар. Иако пожарникарите успеаја да го контролираат огнот, тој сè уште не е целосно изгаснат, јавува порталот „Индекс“.
Началникот на противпожарната служба, Дино Козлевац, изјави дека пожарот започнал околу девет часот и најмногу го погодил покривот на хотелската зграда. На интервенцијата учествуваа 45 пожарникари со 20 возила.
На терен се присутни и единици од Умаг, Бузет, Пореч и Пула, како и доброволни противпожарни тимови од Бује. „Дополнително пристигнаа и екипи од Сечовље и Копер. Станува збор за многу комплексна и тешка интервенција“, истакна Козлевац.
Сите гости на хотелот беа веднаш евакуирани по избувнувањето на пожарот. Веста ја пренесува index.hr.
ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА!
Фото: Tomaz Primozic/F.A. BOBO



