Денеска, на 4 ноември, Јавното обвинителство информираше дека биле приведени двајца пензионирани полицајци и уште едно лице, осомничени за оддавање службени тајни на криминалната група „Дуќанџик“. Против сите тројца е отворена истражна постапка.
Според обвинителството, осомничените во периодот од декември 2019 до март 2021 година, биле вклучени во извршување на кривични дела, меѓу кои Злосторничко здружување и продолжено кривично дело Оддавање на службена тајна.
Притоа, првиот и третиот осомничен се обвинети и за Попречување на правдата, додека првоосомничениот се соочува со дополнително обвинение за Противправно стекнување и прикривање имот, стои во соопштението.